сабота, 25 октомври 2014 | Вести: 15

Зошто Тито е Тито

josip-broz-tito-540x304Од каде Тито во името на маршалот Јосип Броз? Се слушаат разно разни приказни. Велат долго време постоело тврдење дека Тито го добил прекарот по римскиот цар Титус. Се раскажува и приказна дека Тито доаѓа по пиштолот од марка ТТ-30.

Титовиот биограф Физрој Меклен тврдел дека прекарот доаѓа од спојување на два збора: Ти и То (Ти и Тоа). Сосема нормално за еден државник да кажува ти тоа направи, ти тоа кажи… Но, оваа теорија ја негирал самиот Маршал. Тој ги негирал тврдењата на биографот уште кога била издадена таа биографска книга во 1957 година.

Свое видување за Тито има и биографот Владимир Дедиер. Тој тврдел дека прекарот доаѓа од еден хрватски писател од 18 век, Титуша Брезовачки. Но, и тоа било негирано од страна на Маршалот. По низата приказни што ги слушнал, Тито решил да напише автобиографија во која ќе ја каже вистината за себе.

Во 1958 година одговорил на често поставуваното прашање, а неговиот одговор сè уште се наоѓа во архивата на СКЈ во Белград. Тито објаснил дека за време на своите илегални активности за време на војната користел две лажни имиња, едното е Руди, кое е го користел само за внатрешни активности, а второто Волтер, кое го користел само за активности во странство. Но, бидејќи уште еден револуционер, Радољуб Чолакович, го користел името Руди, Тито решил да измисли ново име и добил идеја да се прекрсти во Тито бидејќи се присетил дека многу одамна во неговото родно место (Загорје) ова име било многу популарно.