петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 115 ново

Совршен маж – четириесет годишен хирург кој не пие и ја сака мама

derik separdТој е успешен хирург, има 40 години,  ја сака својата мајка и ретко пие – ова е совршениот маж. Така барем велат резултатите од истражувањето на „Венити фер“ (Vanity Fair), 60 секунди. Триесет и пет проценти од испитаните жени се изјасниле дека образованието на мажот е најважно, а веднаш потоа и да биде верен и да биде џентламен. Само еден процент од жените сметаат дека тој треба да е во добра кондиција и редовно да вежба.

За повеќе од третина од испитаните жени пред очите им се појавува докторот Дерек Шепард, еден од ликовите во серијата „Вовед во анатомија“.  Само три отсто мечтаат за Дон Драпер од „Момчиња од Медисон“.
Дури 69 отсто од жените изјавиле дека им значи нивнот идеален маж да ја сака својата мајка, да е поврзан со неа и таа да има
над него контрола. Квалитетот на односот меѓу мажот и неговата мајка, сметаат тие,  е клуч за стабилна емотивна врска на мажот и неговата избраничка. Жените мислат дека е пресудна 40-тата година – периодот во кој мажот треба да има постигнато добри резултати во својата кариера.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top