петок, 24 март 2017 | Вести денес: 119 ново

Светското ракометно првенство да се игра во Македонија

Ракометната федерација на Македонија поднесе кандидатура до ИХФ за организирање на Светско првенство во машка или во женска конкуренција во 2019 година. По успешните организации на младинските СП и по сениорското ЕП, Македонија дефинитивно е подготвена за организација и на еден голем ракометен мундијал во машка или во женска конкуренција

rfm250

Во машка конкуренција, покрај Македонија, кандидати за организатори се и Полска, Данска, Норвешка, Германија, Словачка и Шведска. Во женска конкуренција на организација се надеваат: Јапонија, Словачка, Македонија, Норвешка,  Тунис и Украина.
До 2. септември кандидатите треба да поднесат и детален план што ќе ги опфаќа салите за одигрување на натпреварите, условите за сместување, промоцијата, логистиката и безбедноста, а во октомври во Базел секоја федерација ќе има можност својата кандидатура да ја образложи пред претставниците на ИХФ.
Организаторите на СП во машка и во женска конкуренција во 2019 година ќе бидат одредени на конгресот во Доха на 28 октомври.
Top