четврток, 19 април 2018 | Вести денес: 76 ново

Бебе наеднаш се појави среде автопатот – реакцијата на возачот ќе ве остави без здив (видео)

На интернет се појави шокантна снимка од автопатот во Виетнам, на кој се гледа бебето среде патот.

Снимката настанала во виетнамската провинција Кванг Нињ, а на него се гледа како возачот наеднаш застанува бидејќи наишол на камион кој застанал во другата лента.

На снимката се гледа како возачот на камионот ја испружил раката од кабината во обид да го запре возачот на автомобилот.

Детето, благодарение на просебноста на возачот поминало без повреди, но и мал момент на невнимание можел да биде сосема доволен за оваа необична ситуација да се претвори во вистинска трагедија.

Кога детето ги исползило двете коловозни ленти, од лева страна на патот дошла жена која ја прескокнала оградата меѓу лентите и го земала бебето во раце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top