понеделник, 23 април 2018 | Вести денес: 52 ново

Каменуван автобус на Бит пазар, приведено едно лице

Едно лице е приведено во полициската станица на Бит Пазар по инцидентот во близина на поликлиниката, кога на враќање од протестот за малиот Алмир Алиу пред Влада група од педесетина младинци каменуваа автобус во движење, објави „Експрес.мк“

Полициски извори велат дека лицето е приведено од позорникар од полициската станица Бит Пазар, а не од специјалните полициски сили ангажирани за обезбедување на протестот, кои дошле на местото на настанот по неговото завршување.

Учесниците во каменувањето се одвоиле од групата што заминала пред Кривичен суд за да продолжи да протестира, откако заедно го почнале протестот пред зградата на Владата. Таму се протестираше поради преквалификација на делото од „убиство со умисла“ во „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ во случајот со загинувањето на четиригодишниот Алиу од Куманово.

Во инцидентот нема повредени полицајци, а засега нема информации за повредени меѓу патниците од каменуваниот автобус.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top