недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 75 ново

Меркел: Мигрантскиот прилив од 2015 нема да се повтори

Огромниот мигрантски бран од 2015 година нема да се повтори уште еднаш, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел во нејзиното прво обраќање пред Бундестагот по нејзиниот реизбор на функцијата.

– Тоа беше невројатна хуманитрана состојба. А таква хуманитрана состојба не смее да се повтори, нагласи Меркел во текот на дебатата во Бундестагот посветена на миграцијата.

Меркел оцени дека проблемот со миграцијата „ја поделил и до ден денес ја парализира“ Германија, но дека земјата треба да се гордее со тоа што во текот на 2015 и 2016 година прими над еден милион беглаци и мигранти.

Таа нагласи дека иако договорот меѓу ЕУ и Турција за запирање на мигрантскиот прилив има многи противници, тој сепак дал резултати и Германија секогаш ќе застанува во негова одбрана.

Меркел се осврна и на прашањето на Исламот, за кој оцени дека е „дел од германското општество“.

– Очигледно е дека нашата земја има карактеристики на христијанството и јудеизмот. Но, во исто време, мора да се признае дека меѓу нас живеат 4,5 милиони муслимани. Нивната религија, Исламот, исто така е дел од Германија, додаде Меркел.

Ваквата изјава на Меркел е во спротвност со ставот на нејзиниот коалициски партнер и лидер на Христијанско социјалната унија (ЦСУ), Хорст Зехофер дека „Исламот не е дел од Германија“.

– Германија е христијанска земја, изјави Зехофер, кој е нов германски министер за внатрешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top