вторник, 17 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Мицкоски: Валандово е заборавено од владата! (галерија)

Денеска , лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Валандово се  сретна со граѓаните, пазарџиите и поразговара со нив за животот во градот,  тешката економска состојба…

-Денес сум во Валандово. Го пoсетив пазарот, среда, пазарен ден. Чичко Петре кој го прехранува семејството од продавање на земјоделски производи, човек кој освен годините, му натежнала и тешката сегашност, вели на сите пазарџии ни ја зголемија таксата за 7 пати повеќе.

Плаќаме 7 пати повеќе во споредба со порано, ништо не останува за мене и бабата, а камоли нешто за внучињата да им подарам. Сите останати кои ги сретнав со истата порака. Велат животот е се поскап и поскап,, луѓето немаат пари, а Валандово е заборавено од владата. Како да не постои. Се сретнав и со младите од Валандово, велат на прсти можеме да се преброиме.

Секој гледа како да ја напушти државата, партискиот реваншизам стигнал и во Валандово, па велат неистомислениците со власта е незамисливо да се вработат. Им порачав дека тоа мора да се смени. ВМРО-ДПМНЕ ќе има обзир и за младите, и за повозрасните, фер услови и шанса за развој на секој кој поседува способности и квалитет, порача на фејсбук профилот Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top