недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 1 ново

Се самоуби осомничениот за бомбашките напади во Тексас

Човекот осомничен за серијата бомбашки напади во Тексас се разнел себеси со активирање екплозивна направа во својот автомобил, јави АФП.

– Осомничениот е мртов, изјави Брајан Манлеј, шеф на полицијата во Остин.

Полицијата во Остин соопшти претходно дека работи на случај „престрелка во која учествувал полицаец“.

Две лица беа убиени во пет експлозии на пакет-бомби кои овој месец се случија во таа американска држава.

Американските власти објавија вчера дека се сомневаат оти пакетот бомба што експлодира во складиште на Федекс во Тексас е поврзано со низата експлозии на бомби во таа сојузна држава.

Претставник на локалната полиција соопшти дека пакетот, кој покрај експлозивната направа содржел и шајки и шрапнели, експлодирал нешто по полноќ по локално време (7 часот по средноевропско време).

Вчерашната беше петта експлозија на пакет-бомба во Тексас овој месец. Во претходните експлозии загинаа 39-годишен градежен работник и 17-годишен студент, а четири лица беа повредени.

Пакетите не беа доставувани по пошта или преку приватни курири, туку во текот на ноќта биле оставени на куќниот праг на жртвите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top