вторник, 23 октомври 2018 | Вести денес: 20 ново

Следува вистински пекол: Еве како да ја преживеете катастрофата!

Ова е оној период  во годината кога имате впечаток дека ништо не ви иде од рака. Ќе се фатите себеси како кукате поради лошата среќа што ве следи, проблемите и лошите одлуки и фрустрации, а слични приказни ќе чуете и од пријателите. А се ќе трпи. И здравјето и љубовниот живот и работата. Останете колку што е можно на позитивниот пат како би можеле периодов да го истуркате без последици. Сето ова е резултат на ретроградниот Меркур, кој почнува да се движи од 22 март.

Кога некој ќе го спомне ретроградниот Меркур, никому не му е сеедно. Тој со полно право ја заслужува својата негативна репутација. Имено тој феномен се случува три до четири пати во година, трае подолго од помрачувањето и може да направи целосен хаос за секој хороскопски знак. Меркур владее со комуникациите, патувањата и технологијата, поради што во периодот кога тој е ретрограден може да се очекуваат проблеми со компјутери, бројни недоразбирања, па и работи за кои сме мислеле дека се сигурно завршени.

Затоа не е чудо зошто многу луѓе доцнат на важни состаноци и договори, кога ретроградниот Меркур ги има своите пет минути.

Тоа не е период кога е паметно да се започнува нешто ново, но може да биде од голема корист ако сакате да разрешитее одредени дилеми или повторно се посветите на нешто што сте напуштиле.

Ако размислувате за проект кој никако не можете да го завршите или повик на стар пријател кој го немате слушнато „сто години“, тогаш ретроградниот Меркур е вистинско време за тоа.

Еве кога оваа година не очекува периодот на ретроградниот Меркур

-од 22 март до 15 април

-од 26 јули до 19 август

-од 16 ноември до 6 декември

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top