четврток, 19 април 2018 | Вести денес: 76 ново

Експлозија на мобилен телефон усмрти девојче во Индија

Девојчето Ума Орам од Индија разговарало на мобилен телефон, кога уредот и експлодирал во рака. Според медиумите, таа го вклучила телефонот на полнач во струја додека разговарала со своја роднина, a мобилниот телефон во еден момент експлодирал.

Девојчето од експлозијата се здобила со повреди на рацете, градите и нозете. Таа во несвесна сотојба била пренесено во една болница во идниската држава Одиша, каде лекарите можеле само да ја констатираат нејзината смрт.

Информацијата за несреќата на девојченцето за медиумите ја потврди нејзиниот брат Дурда Прасад. Според локалните медиуми во рацете на девојчето експлодирал мобилен телефон „Нокиа 5233“ од 2010 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top