вторник, 24 април 2018 | Вести денес: 98 ново

Фотографирана на ручек: Еве кој ја теши Емина после разводот од Мустафа!

Познатата пејачка Емина Јаховиќ неодамна стави точка на десетгодишниот брак со познатиот турски пејач Мустафа Сандал, а реши животот да го продолжи во Истанбул, иако долго се шпекулираше дека ќе се врати во родниот Нови Пазар.

Емина Јаховиќ реши, најмногу заради синовите Јавуз и Јаман, да продолжи да живее во град на Босфор, а на социјалните мрежи постави фотографија на која се гледа со кого таа го минува времето за време на тешкиот период.

Мајката Сенија, братот Мирсад и неговата избраничка Душица уживале во сончевиот ден во еден локал на најголемиот турски град, а судејќи по нивните насмевки и тоа како се забавувале, па сигурно дека и помогнале на Емина да ги тргне мислите од разводот.

-Семејството не е важна работа, тоа е се – напишала српска пејачка во описот на фотографијата, која изненади многу нејзини следбенци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top