сабота, 21 април 2018 | Вести денес: 63 ново

Жолта фаза: Циклонот Димитар доаѓа кон Македонија и носи половина метар снег

Од денес циклонот Димитар доаѓа кон Македонија, најавува специјализираниот портал за временска прогноза МетеоМакс.
Според информациите од таму, овој циклон уште од утре ќе донесе интензивни врнежи на пониските места и снег на планините.
Метео порталот најавува дека од среда кон четврток ќе има и спуштање на снежната граница која, што значи дека во одредени градови на првиот ден од пролетта ќе се разбудиме со снег. Порталот најавува дека во некои градови ќе се формира и снежна покривка.
На планините се очекуваат и до 50 сантиметри нов снег.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top