недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Мицкоски: Преговорите за името се одвиваат зад затворени врати

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес се обрати пред присутните граѓани во Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Василево.

Тој носењето на законот за јазици од страна на владејачкото мнозинство на СДСМ го нарече шверцерско и девијантно делување.

– Еве почнаа сега се обидоа на шверцерски начин да го протнат таканаречениот закон за јазиците. Спротивно на сите процедури, спротивно на сите закони. Се обидоа едно решение кое што е и антиуставно и неприменливо понатаму да го протнат на еден шверцерски начин во собраниска процедура. Видовте како помина, без да биде запазено елементарното право да секој пратеник кој што го поднел амандманот да може да дискутира по истиот, потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски пред граѓаните истакна дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде на браникот на одбрана на националните интереси на граѓаните и државата, споменувајќи дека СДСМ игра задкулисни игри и води преговори за спорот со името со Грција зад затворени врати.

-Водат преговори за името таинствени никој и ништо не знае што се случува. Сега читам дека испратиле некаква предлог спогодба до соседна Грција која што треба да биде одговор на предлог спогодбата што Грција на нас ни ја доставила. Ние сме најголемата политичка партија, со 455 илјади гласа на последните парламентарни избори ниту некој ниту кажал што прават, ниту некој не прашал до каде е работата. Тераат како што замислиле, а тоа како побрзо да ја распродадат и уништат оваа држава, заврши Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top