недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Скандал пред Мундијалот: Му ја скинаа главата на Меси, следен е Нејмар

Екстремистите собрани околу „Исламската држава” упатија опасна закана во пресрет на Светското првенство во Русија.

Преку пропагандните средства, тие објавија два плаката со познати учесници на Мундијалот. На едниот е Меси, а на другиот Нејмар со тоа што Аргентинецот е со отсечена глава, а Бразилецот чека тоа да му се случи.

„Нашите зборови се она што го гледате, не она што го слушате. Само вие чекајте, чекаме и ние”, напишаа терористите.

Овие посети се обелоденети непосредно откако челниците на Фудбалската федерација на Аргентина се сретнаа со амбасадорот на Русија, токму поради стравот за безбедноста на Меси за време на Мундијалот.

Извор: Спортклуб

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top