понеделник, 23 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Трамп: Набрзо ќе имам средба со Путин

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека со рускиот колега Владимир Путин разговарал за евентуална средба на која ќе разговараат за ограничување на трката во вооружување.

– Му честитав на победата. Имавме многу добар разговор и мислам дека најверојатно ќе се сретнеме во скоро време, изјави Трамп во Овалниот кабинетм одговарајќи на прашањето за неговиот телефонски разговор со Путин.

Трамп посочи дека на можната средба би се разговарало за трката во вооружувањето, за Украина, за Сирија и за Северна Кореја.

– Може да разговараме и за трката во вооружувањето. Како што знаете, тој неодамна изјави дека тоа не е нешто убаво, истакна Трамп.

Претходно, Кремљ соопшти за телефонскиот разговор помеѓу Путин и Трамп.

– Генерално, разговорот беше конструктивен и деловен, со фокус на надминување на проблемите кои се насобрани во руско-американските односи. Двете страни се согласија да ги развиваат билатералните контакти, помеѓу другото и во контекст на смените во американскиот Стејт департмент. Посебно внимание беше посветено на прашањето за евентуален состанок на високо ниво, наведе прес службата на Кремљ.

Во соопштението се потенцира и значителниот брз напредок во решавањето на кризата во Сирија и во Украина.

Путин и Трамп се согласија и дека треба да се користат само мирни начини за намалување на тензиите на Корејскиот Полуостров.

– Двете страни изразија задоволство поради намалување на тензиите на Корејскиот Пплуостров и ја истакнаа потребата за понатамошни доследни напори со цел решавање на ситуацијата со мирни, дипломатски средства, потенцира Кремљ.

Во телефонскиот разговор исто така беше потенцирана потребата за координирање на напорите со цел да се ограничи трката во вооружување и да се обезбеди стратешка стабилност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top