вторник, 24 април 2018 | Вести денес: 98 ново

Министерот за правда си поднесе оставка

Министерот за правда Билен Саљији поднесе оставка. Причина, како што самиот посочи е разнишаната доверба на граѓаните кон ветувањата за правда за сите. Довербата била разнишана поради одлуката на јавниот обвинител за преквалификување на обвинението за малиот Алмир.

„Во овие моменти чувствувам дека довербата е разнишана поради одлуката јавниот обвинител да го преквалификува обвинението за малиот Алмир. Оваа контраверзна одлука беше оспорена и од четворицата јавни обвинители. Јас како прв човек на Министерството за правда чувствувам да поднесам оставка”, изјави Саљији.

Министерот им се заблагодари на вработените во министерството, до неговите колеги министри и до политичката партија на која припаѓа, ДИУ и нејзиниот претседател Али Ахмети, како и на премиерот за довербата која му била укажана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top