недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Вооружен маж се забарикадирал во ресторан спроти кампусот на Универзитетот Принстон

Властите во Принстон, Њу Џерси соопштија дека вооружен маж се забарикадирал во ресторан спроти кампусот на Универзитетот Принстон.

Полицијата соопшти дека „не е познато дали се земени заложници“ во ресторанот „Панера Бреад“, а исто така е непознато што е причината за инцидентот.

До сега нема инфорамции за евентуално повредени лица.

Полицијата го блокира центарот на Пристон, а две згради од универзитетскиот кампус се евакуирани.

Пред ресторанот се распоредени полицајци, а преговорите се во тек.

За сега не се знае дали вооружениот маж е поврзан со Универзитетот Принстон, каде нема предавања поради пролетниот распуст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top