вторник, 23 октомври 2018 | Вести денес: 20 ново

Три лица повредени во сообраќајката кај Псача

Во сообраќајна незгода која се случи попладнево кај село Псача, општина Ранковце, три лица се здобиле со телесни повреди.

Незгодата се случила во 15:30 часот на магистралниот пат А2 Куманово – Крива Паланка кај село Псача кога патничко моторно возило „цитроен АХ“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Љ.Ј. (1978) изгубил контрола и удрил во товарно возило.

Патничкото возило се движело од Куманово кон Крива Паланка при што на кривина возачот изгубил контрола и удрил во товарно моторно возило „волво“ со украински регистарски таблички, управувано од И.Х., (1969), кој се движел во спротивна насока. Со телесни повреди во незгодата се здобиле возачот на патничкото моторно возило и двајца сопатници Б.С. (1975) и Р.Н. (1983).

Сообраќајот беше во прекин до 16:45 часот.

Извор: МИА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top