четврток, 18 октомври 2018 | Вести денес: 50 ново

Мицкоски: Македонија тоне, катастрофалните покзатели во економијата се резултат на безидејноста на СДСМ

Македонската економија оди во лоша насока и нижи негативни резултати. Според Светска банка, земјава е втора на дното во регионот по намалување на невработеноста, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, по денешната средба со жителите од Радовиш.

Растот на БДП во последниот квартал е 1,2% и е убедливо најнизок во цела Европа, потсетува Мицковски, и тоа во споредба со другите развиени земји од југоисточна Европа.

– Веќе ги комунициравме во минатото во неколку изјави, растот на БДП во Унгарија, во Бугарија. Нас не ставаат заковани на дното и тоа е уште еден проблем плус и демотивација за луѓето во Република Македонија. Државните резерви се намалени за 277 милиони евра. Катастрофалните политики на полето на економијата се нормално резултат на безидејноста, немањето визија, немањето проекти на владата на господинот Зоран Заев, изјави Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска се сретна и со младите од Радовиш кои му се пожалиле дека дека живеат лошо и дека Животот дошол само за неколкумина од СДСМ. Загрижени за својата иднина велат дека само тие неколкумина останале во градот, а нивните врсници се раселени. Џагорот го нема по улиците, младите не гледаат иднина.

– Младите се загрижени за нивната за бесперспективноста, немањето идеи, немањето проекти кои што ќе значат дополнителен квалитет во нивниот живот. Изразија жалење дека се поголем број нивни врсници ја напуштаат Македонија, го напуштаат Радовиш, посочи Мицкоски.

Мицкоски направи споредба за 2016 и 2017 година и истакна дека лани имало 100 милиони евра помалку странски инвестиции, 4% намалено индустриско производство, а градежништвото паднало за дури 12%.

За ваквиот тренд да не продолжи, вели актуелната власт мора да си замине, зашто овој народ бил доволно разочаран и претрпел многу лаги во овие 10 месеци.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека изборната програма ќе ја креира само со граѓаните. Претходно од Ново Село ги започна средбите за, како што посочи, директно од нив да чуе што им е неопходно за да бидат успешни во сопствената држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top