сабота, 21 април 2018 | Вести денес: 23 ново

Денеска плаќајте кафе со поезија

Во, среда, 21.03.2018, со почеток од 10.00 часот, во Лофт, Мајдан, Наргиле, Фонтана, Дион, Центар бар, Баду бар, Џус бар, Сквер21 во Скопје и „Чао кафе“ во Велес ќе започне кампањата „Плати со поезија“ организирана од страна на Јулиус Мајнл по повод Светскиот ден на поезијата. Истата се организира од Јулиус Мајнл по четврти пат во Македонија и ќе трае само еден ден. Во склоп на оваа кампања, во наведените локации, љубителите на кафе можат со пишување на поезија да го платат сопственото кафе или чајот од брендот Јулиус Мајнл.

Околу 20 поети се вклучени во кампањата на Јулиус Мајнл и ќе ги разменуваат своите искуства и мислења со секој кој сака да ја негува поезијата на овој ден. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top