петок, 20 јули 2018 | Вести денес: 35 ново

Како дошла Ременски до вибер-комуникацијата на ВМРО-ДПМНЕ: Стои ли МВР зад операцијата?

Вибер-комуникација на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ утрово осамна на приватниот Фејсбук профил на потпретседателката на СДСМ, Фросина Ремеснки, сопруга на Јовче Ременски, функционер во МВР и близок соработник на Оливер Спасовски.

На фотографиите што се објавени на приватниот Фејсбук на Ременски јавно се прикажани личните податоци и телефонските броеви на луѓе кои не се вршители на јавни функции, а со тоа е нарушена нивната приватност. Дека Ременски нелегално поседува вибер-комуникација со која се заканува, покажува и постот објавен пред два дена кога револтирани жители на нејзината општина – Карпош, пред нејзиниот дом  мирно демонстрираа го искажаа револтот за изгласувањето на Законот за јазиците.

Ременски најави дека ќе поднесе кривична пријава за нив.

„Во координирана организација со ВМРО-ДПМНЕ, ОК на нивната партија од Карпош на чело со поранешниот и сегашниот претседател на ОК Карпош Сашо Лазаревски и Тони Јаревски (актуелен советник во Карпош), заедно со позната група на партиски активисти вечерва „протестираа” со отров во устата и душата пред мојот дом.

Нема да чекам никој да поднесе кривична пријава. Тоа ќе го направам јас лично со сѐ што поседувам како доказ за кажаното.

Тој фашизам и безобразлук ќе си го практикувате дома, зошто кај мене нема да ви помине.

Од вечерва сум и Македонка, и Албанка, и Турчинка, и Ромка, и Босанка, и Влаинка и Србинка …, викајте ме како сакате, затоа што знам дека, им сакам добро на сите без разлика на вера и етничка припадност.

Вие сте вистинските и упорните гробари на иднината и мирот на земјата и верата во која се колнете“, напиша на својот фејсбук профил Ременски.

„Република“ ја прашува Дирекцијата за заштита на личните податоци дали и во овој случај ќе постапи како штп постапи со нашиот медиум, имајќи предвид дека во нашиот текст беа објавени лини податоци на лица вршители на јавни функции. Казната што ја плати „Република“ е во висина од 1.800 евра за медиумот и 550 евра за директорот, односно казна од 2.350 евра (околу 150.000 денари). Ова е првпат Дирекцијата да изрече глоба за медиум, а „Република“ е казнета за објавување лични податоци (имиња и презимиња, работен ангажман, и паричен надомест) коишто, во најголем дел веќе беа објавени во други медиуми.

Политички преседан за вршење на притисок врз медиум

 

Освен скандалот со објавување на лични податоци, се поставува и прашањето од каде Ременски ги добила овие скриншоти со приватни вибер разговори? Една од теориите е дека еден од учесниците во комуникацијата направил скриншот и некому го пратил, но, сопругот на Ременски е високо позициониран во МВР, па постои сомнеж и дека се прибавени преку нелегално следење на комуникации од страна на Управата за безбедност и контраразузнавање.

За службите да следат нечија комуникација потребно е да постои истрага отворена од обвинителството и налог за посебни истражни мерки, а МВР не ни смее да ги добива комуникациите, затоа што тие директно се пренесуваат во обвинителството. Но, СДСМ се познати по нелегално следење на комуникациите уште од обелоденувањето на случајот „Пуч“.

Инаку, ова не е прв скандал на брачниот пар Ременски, кој е поврзан со нелегално следење на комуникации, претходно беше објавувано дека токму тие на Зоран Божиновски му испраќале преслушувани разговори за тој да ги објавува.

Кој и за што му ги дал прислушуваните разговори на Зоран Божиновски

По објавувањето на оваа сторија од страна на Вечер, Јовче и Фросина Ременски се закануваа на новинарите кои ја објавија истражувачката сторија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top