вторник, 23 октомври 2018 | Вести денес: 23 ново

Скандалозна изјава: Заев призна дека се следи Вибер комуникацијата на опозицијата (видео)

По затварањето на повеќе профили на корисници на социјалните мрежи како Фејсбук и Твитер, Зоран Заев во изјава дадена пред судот по одложувањето на рочиштето за „Поткуп“ каде што е обвинет за примање на мито од 200.000 евра, намерно или не призна дека владата ги следи комуникациите на неистомислениците, пишува порталот „Инфомакс.мк“.

-Од овие Вибер групи формирани од ВМРО-ДПМНЕ за организирање на протестите, кога имате 20 луѓе, барем двајца луѓе ги спроведуваат со опонентите. Така да се е јасно кој стои зад протестите и кој ги организира. И апсолутно е јасно кој какви пари прима и од каде прима…, изјави Заев во скандалозна изјава.

-У 20 секунди Заев признава дека:
1. Виберот се следи
2. Опозицијата ја следи
3. Конструира случај дека со странски пари се делува против власта,  додаваат Твитерџиите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top