сабота, 21 април 2018 | Вести денес: 22 ново

Ќе бара ли СЈО одговорност од Хари Костов, Бранко Бојчевски и Зоран Верушевски за случајот Сопот?

СЈО денес го повлече обвинението за случајот „Сопот“. Според обвинителката Катица Јанева, нема доволно докази против обвинетите за делото за кое се товарат. Таа изјави дека и натаму останува отворена предистражната постапка што ја водат за осомничените во овој случај. Бараат меѓународна правна помош и имаат друга теорија за случајот, објавува Денешен.мк.

Познавачите велат дека оваа одлука на Катица Јанева и на СЈО е во целосна насока на ставот на адвокатите на обвинетите кои тврдеа дека целото обвинение се темели на исказот на сведокот Рамадан Бајрами, кој потоа тврдеше дека изјавата ја дал под жестока тортура на полицијата.

„Денешен“: Што е случајот Сопот и кој ја водеше истрагата?

На 4 март 2003 година на локалниот пат Сушево – Сопот, во месноста Божја Дупка, беше подметната експлозивна направа, односно беше поставена противтенковската мина која се активирала од возило на НАТО. Од силната детонација животите ги загубија припадниците на полскиот контингент на НАТО, Павел Легински и Фјодор Никуловски, и цивилот Крунислав Кипријановски.

Министер за внатрешни работи во тоа време беше Хари Костов, Директорот за јавна безбедност беше Бранко Бојчевски и директорот за државна безбедност Зоран Верушевски, а премиер на Владата беше Бранко Црвенковски. Токму во нивно време беше поведена истрагата, беа уапсени осомничени и беше отпочнато судењето. Неколку недели по трагедијата, односно во мај и јуни 2003 година беа уапсени 12 жители на кумановското село Сопот. По долги судски процеси во 2010 година овие лица беа осудени вкупно на 150 години затвор.

– Дали денешната изјава на Катица Јанева говори дека тогашното раководтсво на државата и министерството за внатрешни работи воделе целосно непрофесионална истрага и изнудиле изјава на сведок по која потоа низ судските лавиринти и затвори 15 години оставија 12 невини граѓани на Република Македонија? Дали денешната изјава на Катица Јанева по повод случајот Сопот најавува дека ќе се покрене постапка против Хари Костов, тогашен министер за внатрешни работи, Бојчевски директор на Бирото за јавна безбедност, Зоран Верушевски, тогашен директор за државна безбедност, сите кадри на СДСМ, заради непрофесионалност и злоупотреба на службената должност, пишува Денешен.мк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top