сабота, 21 април 2018 | Вести денес: 22 ново

Ќерката го „намести“ Михајловиќ дека има дечко: Грд е и има 13 години повеќе од тебе (видео)

Српскиот тренер Синиша Михајловиќ беше жртва на скриена камера која му ја приредија неговата ќерка и сопругата. Имено, ќерката на Михајловиќ, Викторија му соопштува дека има нов дечко, кој е музичар и има 34 години.

Михајловиќ веднаш се буни за големата разлика во годините, а кога ќе ги види неговите фотографии му паѓа мрак на очи.

– Грд е и има 13 години повеќе од тебе. Кога ти ќе имаш 37, тој ќе има 50. Тој старец, а ти уште девојка, коментира Синиша.

Потоа неговата сопруга Аријана му објаснува дека треба да одат на ручек за да го запознаат новиот „зет“, а таму почнува вистинско лудило. Најпрво „зетот“ касни 50 минути, а кога ќе пристигне се однесува слободно и го ословува Михајловиќ со „Папи“, на што српскиот тренер останува скаменет.

Целото видео може да го погледнете тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top