недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Анџелина Џоли го изневерувала сопругот со жена: Ќе се венчав со неа да не бев мажена

Анџелина Џоли освен што уживала во врските со припадниците од посилниот пол, таа имала и период во животот кога била бисексуалка и малку фалело да се заколне на вечна љубов на една девојка – Џени Шимицу, пишуваат светските медиуми.

Се запознале на снимањето на филмот „Foxfire“ и тогаш се заљубиле една во друга. Јапонско – американската актерка го освоила нејзиното срце, а Џоли тогаш веќе била во брак со Џони Милер.

– Веројатно ќе се венчав со неа доколку во тој период не бев со својот сопруг. Се изненадив што кон неа имав исти чувства како кон мажите, своевремено изјавила Џоли, која го криела односот со неа поради медиумите. Дури подоцна проговорила за љубовта со колешката.

Џени Шимицу денес е во среќен брак со Мишел Харпер и заедно се три години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top