вторник, 23 октомври 2018 | Вести денес: 20 ново

Буфон: Се вратив во репрезентацијата поради Астори

Фудбалската легенда на Италија , Џанлуиџи Буфон ја откри причината зарадо која се вратил во репрезентацијата откако се откажа од неационалниот тим пред неколку месеци. ­

– Астори е причината што се вратив во националниот тим. Сакав да им дадам подарок на навивачите, како одговор на црните настани. Освен тоа, јас сум личност која секогаш се чувствува одговорна. Овие две работи се доволни, рече Буфон.

Тој го пофали и привремениот трнер на „азурите“, Луиџи ди Бјаџо, за кој вели дека се однесувал добро кон него.

– Младите момчиња веќе пораснаа и го имаат просторот што им треба, додаде легендата на Јувентус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top