вторник, 23 октомври 2018 | Вести денес: 20 ново

Принцот Хари, два месеца пред венчавката донесе одлука која ги шокираше Британците

Точно два месеца пред церемонијата за склопување на бракот со Меган Маркл, принцот Хари ја изненади јавноста во Британија со својат одлука. Имено тој заклучил дека не сака да потпише било каков предбрачен договор.

Како што тврди негов близок пријател, Хари верува дека ова ќе му биде единствен брак и дека поради тоа не сака да потпишува било што. Неговото богатство се проценува на околу 30 милиони фунти, но сигурен е дека Меган ќе биде негова избраничка до крај на животот.

-Никогаш не ни размислувал дали да потпише предбрачен договор. Уверен е дека ова ќе му биде прв и единствен брак, затоа ништо не потпишува- рекол близок пријател на принцот.

Оваа одлука прилично ја шокираше јавноста во Британија бидејќи сите мислат дека Меган ќе го искористи и еден ден ќе инкасира многу затоа што му е сопруга.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top