сабота, 21 април 2018 | Вести денес: 22 ново

Роналдо со 50 – тиот „хет-трик“ во победата на Реал Мадрид

Кристијано Роналдо постигна четири гола и го забележа 50-тиот хет-трик во својата кариера во денешната победата на Реал Мадрид со 6-3 над Жирона. По прво полувреме во кое резултатот беше 1-1, по паузата гледачите можеа да видат дури седум голови.

Кристијано беше прецизен четири пати (11, 47, 64, 90), асистираше за голот на Лукас Васкез (59), а Герет Бејл постигна гол во 88 минута откако влезе како резерва. Два гола за гостите беа постигнати од Кристијан Стуани (29, 67), а меѓу стрелците беше и Хуанпе.

Со оваа победа Реал Мадрид го врати третото место со 60 поени и дојде на – 4 зад вториот Атлетико Мадрид.

Кристијано Роналдо е на пат да се израмни со Лионел Меси во листата на стрелците. Португалецот има 22 гола во оваа сезона и го надмина Луис Суарез (21), а Меси е прв со 25.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top