понеделник, 24 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

„Блумберг“: Меѓу петмината најбогати луѓе во светот нема европејци

Меѓу петте најбогати луѓе на светот повеќе нема милијардери од Европа. Претставници на стариот континент испаднаа од првата петорка, бидејќи францускиот магнат Бернард Арналут паднал на седмата позиција во најновиот индекс на милијардери на агенцијата Блумберг.

На прво место е Џеф Безос, сопственик на платформата за онлајн тргување Амазон, втор е Бил Гејст сопственик на Мајкрософт, а на трето место е Ворен Бафет американски инвеститор. На четврто место е Марк Цукерберг основач на Фејсбук, а петти е телекомуникацискиот магнат Карлос Слим.

Индексот на милијардери е најнов показател на промените во прераспределбата на светското богатство. Најмногу богатство се концентрира во Азија и САД.

Американците поседуваат 40 отсто од богатството на листата, жителите на Азија 25 отсто, а следат Европјаните со 21 отсто. Седум од десет најбогати луѓе се Американци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top