недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 1 ново

Работнички во празна сала ја продолжи победничката серија

Ниту шампионот МЗТ Скопје Аеродром не успеа да го сопре Работнички кој ја забележа 19 победа од почетокот на сезоната во кошаркарската Прва лига.

Победата над лутиот ривал беше извојувана во празната сала „Градски парк“ по инцидентите на дербито кое почна вчера, а беше прекинато по недоличното однесување на двете навивачки групи.

Натпреварот вечерва продолжи при резултат 62:50, а заврши со 100:84 за најтрофејниот македонски кошаркарски клуб. По вечерашниот триумф Работнички направи голем исчекор кон пол­позицијата во разигрувањето за титулата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top