сабота, 21 април 2018 | Вести денес: 64 ново

Аеродромци на протест против двојазичноста пред домот на пратеникот Диме Велковски (фото – видео)

Граѓаните се револтирани од одлуката на владејачкото мнозинство на сила да го протурка Законот за јазици. Секојдневно големи групи на граѓани протестираат пред домовите на пратениците кои гласаа за законот во Собранието.

Вечерва граѓаните на Аеродром се собраа на протест пред домот на пратеникот Диме Велковски, да го искажат својот револт од неговата одлука да ја изгласа неуставната двојазичност, пишува Инфомакс.

Незадоволни граѓани вечерва исто така протестираа пред домот на Фросина Ременски во скопско Бардовци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top