четврток, 18 октомври 2018 | Вести денес: 54 ново

Протест пред куќата на Фросина Ременски, околу 60 полицајци го обезбедуваат имотот (видео)

Во моментов поголема група граѓани протестираат пред куќата на пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски во скопско Бардовци. Околку 60 полицајци го обезбедуваат имотот на Ременски пред граѓаните кои го искажуваат своето незадоволство кон пратениците на СДСМ кои што гласаа за донесување на Законот за употреба на јазиците.

Освен кај Ременски, незадоволни граѓани деновиве протестираа во десетина градови низ државата како и пред куќите на пратениците на СДСМ.  Тие протестираа пред домовите на Кети Смилеска и Панче Иванов, во Виница беше запален автомобилот на пратеничката Славица Шуманска – Митева од СДСМ, а викендов протести имаше и во Прилеп и Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top