понеделник, 23 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Мицкоски: ДУИ му ја држи главата на Заев под вода и нему му снемува воздух

Имаме неуставен закон за јазици кој како со нож го дели ова општество, рече денеска на прес конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Држава во која народните избраници кои го изгласале законот за јазици полицијата ги чува од сопствениот народ. Дополнително дел од нив јавно си кажуваат дека седеле дома за да не провоцираат Значи, свесни се дека тоа што го направија е провокација и е далеку од здравиот разум. Имаме држава на премиер со концесии. Во моментот имаме ситуација каде едниот коалиционен партнер му ја држи главата на Заев под вода и на него му снемува воздух. Човекот враќа долгови и тоа освен што е штетно за државата е трагично да се гледа. Како волјата за власт по секоја цена го корумпира човекот, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека оваа Влада ги киднапира и узурпира институциите, законите и Уставот, а главна одлика и е рушењето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top