понеделник, 23 април 2018 | Вести денес: 53 ново

Ако денеска ги изговорите овие зборови, секој вистински верник ќе добие ангел-чувар

Светиот маченик Конон Исаврски како што веруваат христијаните, на христијанството го подучувал Архангел Михаил и до самата смрт невидливо го следел овој ангел Божји.

Приказната вели дека целиот живот Конон не бил привлечен на овоземско богатство туку на духовното и небеското. Кога родителите на сила го ожениле, тој првата вечер ја земал свеќата и ја ставил под садот и ја прашал својата невеста:

-Што е подобро, светлина или темнина?

-Светлина, рекла.

Тогаш тој почнал да и зборува за верата во христа и за духовниот живот како подобар и поубав од телесниот и според преданието успеал и неа, а потоа и своите родители да ги внесе во верата христова. Така Конон продолжил да живее со својата невеста, но како со сестра. Откако му починале родителите, а набргу и сопругата целосно се повлекол од световниот живот и се посветил на молитви и пост.

И како што Архангел Михаил бдеел над Конон целиот живот, старите велат дека овој светител ги пази и ги чува верниците. Како ангел чувар, тој доаѓа и ги води низ животот луѓето кои со молитва ќе му се обратат за помош.

-Маченик твој Господе, Конон, во страдањето свое прими непропадлив венец, од Тебе, нашиот Бог, бидејќи имајќи ја помошта Твоја ги победи мачителите, а ја разори немоќната дрскост на демонот: Со неговите молитви, спаси не.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top