сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 30 ново

Објавени првите фотографии од филмот: „Меган и Хари: Кралска романса“ на 13 мај на ТВ (галерија)

Додека сите со нетрпение ја очекуваат венчавката на најпопуларната кралска двојка, принцот Хари и глумицата Меган Маркл, пристигнуваат првите фотографии од филмот за младата двојка.

Остварувањето „Меган и Хари: Кралска романса“ на малите екрани ќе биде прикажан неколку дена пред самата венчавка, односно на 13. мај.

Филмот ја следи љубовната приказна на Хари и Меган, од моментот кога се запознале, биле пријатели, потоа својата романса ја криеле од јавноста, и секако свршувачката.

извор:екран.мк

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top