четврток, 19 април 2018 | Вести денес: 76 ново

Не може да докаже дека е жив: Државата го прогласила за мртов!

Судот во Романија ги отфрли тврдењата на еден човек дека е жив, откако претходно официјално бил прогласен за мртов.

Портпаролката на судот кажала дека 63-годишниот Константин Релиу го изгубил процесот во Романија зашто задоцнил со жалбата.

Медиумите известија дека Релиу заминал во Турција да работи во 1992 година по што изгубил контакт со семејството. Неговата сопруга го немала контактирано одамна, па го прогласила за мртов во 2016. година.

Турските власти го нашле оваа година со поминати документи и го депортирале назад, а кога стигнал во Романија открил дека е мртов.

„Официјално сум мртов, иако сум жив. Немам приходи и затоа што сум на списокот на мртви, ништо не можам да работам“, вели Константин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top