сабота, 21 април 2018 | Вести денес: 65 ново

Политички притвор за монтиран случај: Доневски жртва на актуелните скандали

Уште да измислеа дека може да склучи нов договор и да го повтори делото, иако веќе не е директор на СОЗР, па сликата за оваа срамна одлука ќе беше комплетна, ја коментираат одлуката за притвор на Васе Доневски упатени судски извори.

Судијата на претходна постапка, според сознанијата на Република, проценил дека на Доневски требало да му биде изречена најстрогата мерка притвор по два основи, опасност од бегство и можноста да влијае врз сведоците, односно истрагата. Двете основи се подеднакво апсурдни. Првата, бидејќи Доневски е семеен човек. Од поодамна има и здравствени проблеми, а не помислил на бегство , иако според информации од одбраната Доневски бил повикан на разговор уште пред неколку месеци. Од тогаш редовно се јавува и постојано е достапен. Во однос на втората причина, како што беше и денеска посочено, веќе е обезбедена целокупната документација и сосема е јасно дека не може да се влијае на сведоци заради тоа што во сите фази се одлучувало со записник и сите одлуки се потпишани. Тоа што не е јасно во случајов е зошто на Доневски му се изрекува мерка притвор, односно не се прифаќа некаков друг вид на гаранција, а за второосомничениот има поинаков критериум. Единственото образложение е политичката определба и потребата да се дефокусира јавноста од насилничкото носење на законот за јазици.

Хајка со која треба да се покријат актуелните скандали

Во ситуација во која што актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски е посочен од медиуми блиски до СДСМ дека милион евра доделил на фирма спонзор на СДСМ за набавка на возила без тендер, власта одлучува да го гони претходниот директор на СОЗР за распишан меѓународен тендер согласно законската регулатива.

Само што заврши прес-конференцијата, медиумите блиски до власта веќе почнаа со оркестрирани напади и тврдења дека Васе Доневски, преку навондно нелегални договори со Секуриком заработил 11 милиони евра.

Нема интерес ниту анализа врз основа на што се тврди дека се нелегални договорите или колкава е навистина направената штета, доколку воопшто ја има. Важно е да се излезе со тврдење кое понатаму ќе се пумпа во јавноста, се разбира поткрепено со видео од спектакуларното апсење.

Првата голема набавка на СДСМ – криминална: „Шкодите“ на МВР купени со чешки пари преку партиски донатор


Од една страна нема никаква реакција од институциите за давањето на милион евра без тендер на фирма донатор на СДСМ, а од друга следуваат прес конференции, притвори и ексклузивни снимки од апсење. Од една страна ЈО и судот не го интересира дали и колкава штета направил Спасовски, а од друга страна се прифаќа пријава од финансиската полиција, чиј директор Арафат Муареми самиот признава дека не ја знаат штетата бидејќи ќе ја утврдувале во натамошната постапка.

Каква е фактичката состојба?

Во 2015 година, заради истечениот тендер СОЗР отпочнува постапка за распишување на јавна набавка. При истражување на пазарот побарано е мислење од седум правни лица, иако законот вели дека е потребно најмалку од шест. Откако е распишан тендерот, без разлика дали било побарано нечие мислење или не, секој имал право да учествува на јавната набавка. Станува збор за јавна набавка која сеуште се реализира, бидејќи сумата од 11 милиони евра со која што се манипулира се однесува на три години. Намерно од страна на власта не се информира дека не станува збор само за услуги во делот на хигиената, ниту пак станува збор само за одржување на хигиена во владата. Напротив станува збор за обезбедување на услуги за десетици институции кои располагаат со преку 150 000 метри квадратни простор. Дополнителен трошок за операторот кој го добил тендерот е и обезбедување на соодветни сертификати и останати административни трошоци.

Секјуриком веќе се изјасни дека власта лаже дека не се испорачани услугите

„Секјуриком“: Не сме ја злоупотребиле својата позиција

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top