понеделник, 23 април 2018 | Вести денес: 0 ново

Од институциите зависи колку брзо Македонија и Србија ќе ги надминат нецаринските бариери

Не е исклучена можноста Мешовитиот комитет што го формираа Македонија и Србија на следната седница во Скопје да донесе официјален пакет мерки за надминување на нецаринските бариери и унапредување на размената.

Како што изјави за МИА Трајан Димковски кој го предводи македонскиот тим во Комитетот, на вчерашната прва седница во Белград биле разгледани сите барања и иницијативи поднесени од двете страни. Сега, вели Димковски, се останува на институциите. Од нивната реакција и меѓусебното усогласување ќе зависи кога ќе се одржи вториот состанок во Скопје, дали за една недела, десетина дена или по нешто подолг период.

– Вчера во Белград ги отворивме сите прашања кои сметаме дека се спорни. Ги разгледавме и продискутиравме. Во очекување сме да реагираат институциите, тие да ги усогласат иницијативите, рече Димковски.

На дневен ред на Комитетот беа заемното признавање на фито-сертификатите, укинувањето на маркичките за брашното, ГМО анализите што ги прави Србија врз македонскиот ориз, српскиот извоз на компир во Македонија и долгото задржување на пратките на граничниот премин до завршувањето на лабораториските анализи.

Во врска со вчерашниот состанок во Белград, денеска информираше и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, одговорајќи на новинарски прашања. Рече дека е постигнат напредок во разговорите со Србија за отстранување на нецаринските бариери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top