недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 1 ново

Мицкоски: Заев е кукавица

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски во неговото денешно интервју во вестите на ТВ Алфа изјави дека Законот за јазици е донесен на целосно насилен начин и дека ова е само продолжување на начинот на кој СДСМ дојде на власт во Македонија.

-Со насилство дојдоа на власт, со насилство и владеат. Не смееме да дозволиме, ВМРО-ДПМНЕ не смее да дозволи, Македонија не смее да дозволи Зоран Заев и Талан Џафери незаконски и недемократски да почнат да го да го имплементираат овој закон. – рече Мицкоски во интервјуто за Алфа.

Мицкоски во интервјуто раскажа за средба со млади од СДСМ кои на улица му пришле и му кажале дека тие не гласале за вакво владеење.

Запрашан да ја прокоментира изјавата на претседателот на Собранието, Талат Џафери кој потегот на Иванов да не го потпише законот го оквалификува како кукавичлук, тој одговори:

– Кукавици се Талат Џафери и Зоран Заев кои на ваков кукавички и шверцерски начин го донесе овој закон. Оваа ненародна власт мора да падне на предвремени парламентарни избори и ги повикувам оние граѓани кои претходно поради свои причини го подржале СДСМ сега да застанат со нас. – рече Мицкоски.

Мицкоски потсети дека повеќепати досега лично го предупредил Заев дека Македонија во овој момент не смее да си дозволи вакво недолично однесување.

-Претседателот Иванов постапи или ќе постапи државнички, ВМРО-ДПМНЕ апсолутно стои зад одлуката на претседателот на државата дека ваков закон не заслужува потпис од претседателот на државата бидејќи основно право на претседателот, а и обврска  е да го заштити Уставот и интересите на сите граѓанина Република Македонија. Истото тоа право и обврска по Устав и по закони би требало да ги има и Зоран Заев, но за жал во овој случај кукавицата е тој. Го одбра неделовничкиот начин, шверцерскиот начин, како да ја понижи Република Македонија и родот свој, рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top