недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Груевски: Јавноста ќе го процени моето однесување во Собранието, Талат Џафери треба да се извини

Поранешниот лидер и премиер Никола Груевски денеска пред судот, каде што е на рочиштето за случајот ТНТ, односно за рушењето на Космос рече дека воопшто не му била целта да предизвика инцидент во Собранието, туку јасно и гласно да покаже дека не се согласува со начинот на кој беше донесен Законот за употреба на јазиците.

-Јас му ја тргнав раката на Џафери во моментот кога тој ме допре и ништо повеќе од тоа не се случи. Талат Џафери треба да им се извини и на македонската и на албанската јавноста поради тоа што на шверцерски начин донел закон кој што ги засега токму албанските граѓани – рече Груевски.

Помеѓу другото, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека процедурата при носењето на законот е прекршена, а законот е противуставен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top