недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 44 ново

Дали ова е нормално во сексот – експертски одговори на најскокотливите женски прашања

Веднаш да ви откриеме – генералниот одговор е ДА, сè е апсолутно нормално во сексот и нема што да се грижите за тоа.

Постојат многу прашања поврзани со сексот за кои женскиот пол едноставно не се осмелува да ги постави гласно. Теми како мастурбација, несакани звуци за време на сексот и мажи кои глумат оргазми понекогаш се едноставно прескокотливи за гласно да се праша за нив, а сепак, сексолозите нудат отворени и директни одговори и решенија дури и за најскокотливите и најголеми секс мистерии.

ДАЛИ Е НОРМАЛНО МАЖИТЕ ДА ГЛУМАТ ОРГАЗАМ?

ДА!

На жените кои глумат оргазам им се посветува толку многу внимание, што се заборава дека тоа можат да го прават и мажите. Уште повеќе, голем број мажи признаваат дека понекогаш, во кревет, повеќе нудат глума отколку задоволство, за партнерката да не се чувствува лошо.

„Приказната е слична како и кај жените. Способноста за оргазам може да биде нарушена од алкохол, замор, стрес и некои лекарства“, вели доктор Кат ван Кирк. Но, треба да се знае дека тоа не значи оти сексот им бил лош и не уживале.

ДАЛИ Е НОРМАЛНО ПОВЕЌЕ ДА УЖИВАТЕ ПРИ АНАЛЕН, ОТКОЛКУ ПРИ ВАГИНАЛЕН СЕКС?

ДА!

Верувале или не, жените кои искусиле некоја форма на анален секс, често велат дека почесто доживуваат оргазми отколку оние кои не искусиле таков вид на секс. Тоа е така бидејќи анусот е прекриен со чувствутелни нервни завршетоци.

 

„Областа, во суштина, е анатомски прилагодена за доживување експлозивни оргазми, така што, ако сте пробале нешто такво, не е ни чудно ако сакате уште од тоа“, објаснува сексологот Џесика О’Рајли.

ДАЛИ Е НОРМАЛНО ВАГИНАТА ДА ИСПУШТА ЗВУЦИ?

ДА!

Ненадејните и невообичаени звуци слични на прдење, но кои доаѓаат од вагината, се нормална појава. Поточно, тие се дури и неизбежен дел од вагиналниот секс, велат некои.

„Се случува за време на сексот да се внесе воздух во вагината, и потоа, под притисок, да се испушти надвор кога ќе се поместите или смените поза. Тоа е причината за појавата на такви звуци, но нема од што да се срамите, сосема е природно и нормално“, вели доктор Филипа Кеј.

ДАЛИ Е НОРМАЛНО ПАРТНЕРОТ ДА ПОЧУВСТВУВА СПИРАЛА ВО ВАГИНАТА?

ДА!

„Ако носите спирала како контрацептивно средство, не постојат опасности ниту за вас, ниту за вашиот партнер, ако тој тоа го почувствува за време на сексот. Ако можете, побарајте помош од гинеколог за подобро да ви ја намести, чисто заради ваш мир. Ако партнерот се жали дека ја чувствува спиралата, таа веројатно не е вградена како што треба. Но, тоа може да биде така и ако неговиот пенис е пречувствителен“, потенцира Кеј.

ДАЛИ Е НОРМАЛНО ДА МАСТУРБИРАТЕ ПЕТ ПАТИ НЕДЕЛНО?

ДА!

Жените во просек мастурбираат поретко од мажите, но тоа не значи дека не е здраво ако имате поголем сексуален апетит. Не е јасно зошто воопшто се развива стигма околу женското самозадоволување.

 

„Жените мастурбираат од повеќе причини – заради сексуално задоволство, за полесно поднесување на стресот, за полесно да заспијат или за да се забавуваат кога им фали партнерот. Додека мастурбирањето не ви предизвикува проблеми во врската или лично вас и на било кој начин во животот, препуштете се и уживајте“, советува доктор Кели Сашински.

ДАЛИ Е НОРМАЛНО ДА ВЕ ПАЛАТ ЛЕЗБИЈСКИ ПОРНИЧИ ИАКО СТЕ ХЕТЕРОСЕКСУАЛКА?

ДА!

Навиката за гледање порнографија не ја рефлектира тајната сексуална префреренца на жената, покажале истражувањата. И додека кај мажите тие две нешта се поклопуваат, кај жените тоа не е случај.

 

Со други зборови, жените еднакво ги возбудуваат и хетеросексуалните и лезбијските секс сцени, независно од нивната сексуална ориентација. Дури е почест случајот кога хетеросексуално ориентирани жени повеќе сакаат да гледаат секс сцени со две жени, отколку со маж и жена во главните улоги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top