сабота, 21 април 2018 | Вести денес: 22 ново

Сопственикот на ИКЕА во тестамент го поделил имотот на децата и државата

Сопственикот на шведската компанија ИКЕА, Ингвар Кампрад, кој почина во јануари, уште во 2014 година своерачно го напишал тестаменот во кој е наведено дека приватниот имот го дели меѓу своите четири деца и државата.

Кампрад има ќерка, посвоена со неговата прва жена, и тројца синови од вториот брак.

Франкфуртер алгемајне цајтунг пренесува дека не е познато колкав имот поседува сопственикот на ИКЕА, но во 2014 година е проценет на 750 милиони шведски круни, односно 74 милиони евра.

Половина од сумата ќе ја поделат неговите деца, а останатата половина е за поттикнување на економскиот и научниот развој на слабо населениот северен дел на Шведска.

Кампрад е роден во јужниот, развиен дел на Шведска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top