сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Јачева-Улчар: Сега ми е сосема сеедно каде ќе ме пречека смртта, си ја изгубивме домата

Професорката Елка Јачева-Улчар, една од потписниците на писмото на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ за Законот за јазиците, го коментира политичко силување што го извршија пратениците на ДУИ и СДСМ во Собранието на Република Македонија.

Нејзиниот коментар објавен на Фејсбук го пренесуваме во целост.

„Сега ми е сосема сеедно каде ќе ме пречека смртта. И каде ќе живеат моите поколенија… и на кој јазик ќе зборуваат… Секоја друга ќе ми биде туѓа исто колку оваа што до пред 30 минути ја сметав за своја. Ви благодарам на сите што придонесовте кон тоа да си ја изгубиме домата (јас и уште огромно мнозинство, кои, замислете – живееле во 19 век). Одговорете ми, само, ве молам, дали современите Французи, исто така, се заглавени во 19 век, затоа што и покрај 20-милионското малцинство во Француската Република официјален јазик е само и само – францускиот? Повелете, бидете си Земјани, бидете модерни, а јас, еве, брзам што подалеку од вас – да не ви го трујам воздухот со мојот национализам за кој, ете велите дека бил од 19 век! Се надевам дека сега сте посреќни и ќе живеете во благосостојба! Нека ви е на здравје!“

Јачева-Улчар: Законот за јазици ќе биде вештачки наметнат на целата територија со огромни финансиски импликации

Нејзиниот став е јасен дека употребата на македонскиот јазик, како службен јазик е ПРАВО И ДОЛЖНОСТ на грѓаните на Република Македонија“ (чл. 2 ЗУМЈ). Оттука, секој граѓанин на оваа земја мора да го знае македонскиот јазик како основно комуникациско средство во рамките на една унитарна држава каква што е Република Македонија пишува професорката Елка Јачева Улчар на својот Фејсбук статус.

Новиот закон за употреба на јазиците не го предвидува тоа, туку и овозможува не секој граѓанин да го знае македонскиот нешто на што веќе неколку пати предупредуваа јазичните експерти и професори кои се занимаваат со оваа проблематика, предупредуваше досега Јачева-Улчар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top