петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 117 ново

Словачкиот премиер најави оставка по убиството на новинарот Куциjак

Словaчкиот премиер Роберт Фицо попладнево најави оставка, три недели по убиството нa новинарот Јан Куциjак кој истражуваше случај на корупција. Во овој напад животот го загуби и неговата пријателка Мартина Кушнирова.

“Денес му ја понудив мојата оставка на претседателот на државата Андреј Кишка. Ако претседателот ја прифати јас сум подготвен да заминам уште утре”, изјави Фицо.

Според изјавата на Фицо, претседателот на државата треба да прифати коалицијата на власт да продолжи да ја води земјата за да нема предвремени избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top