петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 115 ново

Ванковска: Денеска почина парламентарната демократија во Македонија

Универзитетската професорка Билјана Ванковска во живо во вестите на ТВ Сител изјави дека денешното изгласување на Законот за јазици значи смрт за парламентарната демократија во Република Македонија.

-Овој закон беше изгласан на целосно нелегален начин. Не беа почитувани процедурите, не се дозволи разгледување на амандманите. Овој закон е мртвороденче и значи конечна смрт за и така болната парламентарна демократија во Република Македонија. – изјави Ванковска во вестите на Сител.

Ванковска додаде дека законот е против-уставен а дополнително е прекршено и правилото за гласање, затоа што тој е изгласан во истата форма како и претходно цел еден месец по ветото на претседателот Иванов, а законот предвидува дека во иста форма може да биде изгласан само 30 дена по ветото.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top