вторник, 19 јуни 2018 | Вести денес: 0 ново

Ќулавкова: Со овој закон се воведува јазична диктатура на албанскиот јазик во Република Македонија

Законот за јазиците не обезбедува јазични права на Албанците, оти сите јазични права тие ги добија со Законот од 2008, смета академик Катица Ќулавкова. Во реакцијата на неделовничкото донесување на противуставниот Закон за употребата на јазиците, таа предупредува дека овој Закон ги укинува македонските јазични права и воведува јазична диктатура на албанскиот во Македонија.

„Федерализацијата е игра во споредба со штетата што овој Закон ќе ја нанесе на македонската држава, нација и демократија“, пишува Ќулавкова на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top