петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 116 ново

МАКЕДОНИЈА ДВОЈАЗИЧНА! (ФОТО+ВИДЕО)

Со 64 гласа „за“ насилно и спротивно од Деловникот на Собранието на Република Македонија  беше изгласан Законот за употреба на јазиците.

Во напната и тензична атмосфера заврши седницата, на која опозициските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ги искористија сите демократски и законски можности да ги спречат СДСМ и ДУИ на чело со Талат Џафери да го донесат Законот за јазиците.

Груевски: Немој на сила, немој на сила – СДСМ и ДУИ го донесоа Законот за јазиците (ВИДЕО)

Најжесток меѓу нив беше поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој во име на демокртатијата го молеше Талат Џафери да не го спроведува политичкиот пазар на сила.

На ова му претходеше бурна и тензична атмосфера.

Законот за јазици по втор пат изгласан во Собранието, без поддршка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Со 64 гласа законот го помина собранискиот филтер. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат дека ова е неуставно, а во текот на седницата неколку пати побараа изјаснување од Мандатно-имунитетната комисија, а пак претседателот на Комисијата вели дека тие можат да се состават откако седницата ќе биде завршена а ВМРО-ДПМНЕ го побараат преку писмено барање.

Во текот на седницата, пратениците од опозицијата побара две паузи, кои беа одобрени од собранискиот спикер Талат Џафери. На седницата имаше и физички напад од пратеникот Никола Груевски врз претседателот на Собранието, Талат Џафери.

 

 

Фото: А. ИВАНОВСКИ (РЕПУБЛИКА)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top