петок, 22 јуни 2018 | Вести денес: 74 ново

Анализа на Си-ен-ен: Американците ги копка каде е подобро за живеење – во Русија или во САД

Но затоа пак САД многу полошо стојат во споредбата кога станува збор за стапката на криминал - таа е многу повисока отколку во Русија. Во анализата се истакнува дека иако во Русија има двојно повеќе убиства отколку САД, сепак Американците се чувствуваат помалку безбедни на улиците од можни напади и кражби

Телевизиската мрежа Си-ен-ен направи анализа во која прави споредба на двете водечки сили САД и Русија. Дали и покрај видливите поблеми со кој секојдневно се соочуваат Русите значи дека животот во САД е подобар?

На скалилото за среќа, според Извештајот на ОН за среќа за 2018, Американците се значително посреќни од Русите поради месечните приходите поголемиот животен век, слободата за донесување одлуки и социјална поддршка.

САД се рангираа на 18 место од 156 земји, додека Русија е 59-та.

Американците можат да купат повеќе со своите долари отколку Русите со своите рубли. Куповната моќ во САД е значително поголема, затоа што и покрај пониските цени на пазарот во Русија и нивните плати се пониски.

Платениот одмор е загарантиран со закон во Русија, а секој во земјата има право на најмалку 14 платени државни празници. САД е единствената развиена држава во светот која не гарантира платени одмор.

„Лансет”, која ги рангира здравствените системи во светот по квалитет и пристапност, ги стави САД на 34 место од 195 земји, додека Русија е рангирана на 72 место.

Според тоа, Русија нуди универзална здравствена заштита на своите граѓани, но квалитетот на здравствената заштита е толку низок што многу Руси мора да плаќаат приватно за лекување.

За разлика од нив, повеќето Американци се потпираат на приватно осигурување . САД троши многу поголем дел од својот БДП за здравство, но генерално финансира или субвенционира здравствената заштита за лица со ниски приходи и нивните семејства, лица со посебни потреби и постари граѓани.

Во однос на платеното породилно отсуство и татковско отсуство, САД заостануваат зад остатокот од развиениот свет.
Во Русија, правото на отсуство е поголемо, но платата е ограничена на минимална плата. Жените добиваат 70 платени дена пред и 70 дена по раѓањето или усвојувањето. Меѓутоа, многу жени се чувствуваат дискриминирано и не се сигурни дали ќе се вратат на работното место.

Студијата за јазот меѓу половите на Светскиот економски форум за родова еднаквост во светот ги рангираше САД пред Русија во однос на грижата за еднаковст кон половите, поради една од главните причини – политичко зајакнување. Односно, американските жени имаат поголема улога во управувањето во целост, отколку жените во Русија, иако Русија има повеќе жени на министерски позиции.

Оваа анализа покажува дека разликите помеѓу САД и Русија е голема кога станува збор за прифаќањето на ЛГБТ заедницата. Во САД прифаќањето на геј популација е многу поголемо, за разлика од Русија. Во САД се легализирани истополовите бракови и посвојувањето на деца од такви двојки, за што во Русија воопшто не станува збор.

Но затоа пак САД многу полошо стојат во споредбата кога станува збор за стапката на криминал –  таа е многу повисока отколку во Русија.

Во анализата се истакнува дека иако во Русија има двојно повеќе убиства отколку САД, сепак Американците се чувствуваат помалку безбедни на улиците од можни напади и кражби.

Извор Си -Ен -Ен

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top