петок, 22 јуни 2018 | Вести денес: 104 ново

Русе Арсов е назначен за в.д. директор на МКЦ на местото на Стевковски

Русе Арсов е назначен за в.д. директор на Младинскиот културен центар (МКЦ). Арсов, кој е долгогодишен програмски директор на МКЦ, доаѓа на местото на Златко Стевковски.

Стевковски беше директор на МКЦ и на киното Милениум од 2010 година, а претходно раководеше со Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје.

Арсов е истакнат продуцент и долгогодишен програмски директор на настаните кои ги организира МКЦ, како фестивалите Млад отворен театар, Синедејс, Здраво млади…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top