петок, 22 јуни 2018 | Вести денес: 104 ново

Ние сме Македонци. Македонија е античко име – протест пред Собрание против законот за двојазичност (фото)

Уа предавници, скандираат граѓаните пред Собранието каде е закажана седница на која на дневен ред е Законот за употреба на јазици.

Ова не е бинационална, туку мултиетничка држава, Не ни треба НАТО. Ние сме Македонци. Македонија е античко име. Има антички градови во Македонија, Астибо, Стоби… Александар Македонски е роден во Пела, која е дел од Егејска Македонија, извикуваат учесниците што протестираат и против промена на името.

Два кордони полиција се наредени пред Собранието со цел да се спречат инициденти.

     

ФОТО: А: ИВАНОВСКИ (РЕПУБЛИКА)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top